РАСПИШАНИ НАГРАДНИ КОНКУРСИ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ќе го одбележи Месецот на книгата. По тој повод, распиша Конкурси за: расказ на слободна тема, есеи на теми- „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“, „Го разбирам светот како поле за…“ и дизајн за корица од книга, исто така, на слободна тема. На Конкурсите, можат да учествуваат учениците од основните и средното училиште во Гевгелија. 

Текстовите и цртежите треба да бидат потпишани со шифра. Како што е наведено во Конкурсите, текстовите треба да се достават по е-пошта, на официјалната е-маил адреса на Библиотеката- biblioetkagevgelija@yahoo.com, додека цртежите- или во просториите Библиотеката или по пошта, на адресата „Васо Карајанов“ бр. 1, со назнака: „За Конкурс за корица од книга“. Крајниот рок за доставување на творбите е 30 ноември, 2022 година.
Најдобрите раскази, есеи и цртежи ќе бидат наградени, а резултатите ќе бидат објавени на официјалниот Фејсбук-профил на Библиотеката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *