ПРЕЗЕНТИРАН ТУРИСТИЧКИОТ ИДЕНТИТЕТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Денес, во Гевгелија беа промовирани првите резултати од туристичката платформа на Општина Гевгелија за утврдување на туристичкиот идентитет. Покрај промоцијата на туристичката платформа, беа претставени петте туристички столба за туристичкиот потенцијал на Општината, Авантури во природа, Забава и возбуда, Сензационални вкусови, Здравје и убавина и Истражување на потеклото. 

Исто така, беше презентирано и новото туристичко лого, како и веќе изработените промотивни материјали. Во рамките на Кампањата за утврдување на туристичкиот идентитет на Општина Гевгелија, изработени се брошура, флаери и промо-видеа, како и веб-страната за промоција на туристичкитите капацитети и погодности во Гевгелискиот Регион, со кои Општина Гевгелија ќе ги привлекува туристите од земјата и од странство во наредниот период.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *