ПРЕМИЕРА НА „КАЈМАК“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

„И ВО ДОБРО И ВО ЛОШО КОМШИИТЕ СЕ ТУКА“

По фестивалите во Токио и Тајпеј, „Кајмак“ на Милчо Манчевски си се врати дома. Синоќа, во Народниот театар, во организација на Домот на културата – Гевгелија, пред преполнетата сала, се одржа премиерата на седмиот по ред филм „Кајмак“, на еден од нашите најценети и најнаградувани режисери. Режисерот Манчевски со секој свој нов филм продолжува да ги изненадува гледачите и да ги натера на размислување.
 
Овој пат со „Кајмак“, за кој самиот тој ќе каже дека е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот, Манчевски го критикува малограѓанското лицемерие а ја возвишува индивидуалната слобода на човекот.
 
Едното семејство среќата ја бара во очајничкиот обид да има дете преку сурогат мајка, додека за другото за среќа во љубовта е потребно тројца, тој, жената и љубовницата.
Режисерот за филмот Манчевски во една прилика ќе рече: „Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина, или на гевгелиски, според муралот на ценетиот Миле Ничевски, „И уф арно и уф м,ка, комшијата е тука“. КАЈМАК ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите – а сите тие се во исто време и жртви и душмани“.
 
На крајот, и една добронамерна препорака за организаторот и, пред се за Општина Гевгелија. Под итно да се набави квалитетна опрема за прикажување на филмови и квалитетно озвучување. Жалосно е што во 21 век, во град каков што е Гевгелија, целокупниот впечаток за еден филм ќе ви биде расипан од лошата репродукција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *