ИН МЕМОРИАМ ПОЧИНА ВАСИЛ ЉОКОВ, ПРОФЕСОР ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТАНИЕ И ТРЕНЕР НА РК „МЛАДОСТ“, РК „МЛАЗ“, РК „КЕРАМИКА“ И КК И ОК „ВИНОЈУГ“

Денес, на 84 годишна возраст, почина познатиот спортски работник и професор по физичко воспитание Васил Љоков. Основно образование завршува во Богданци, Средно фискултурно во Скопје а Факултет за физичка култура во Ниш. 

По завршувањето на студиите една година е професор во Валандово, а потоа во Стојаково. Од 1966 до 1986 година предава во Гимназијата „Јосиф Јосифовски, додека од 1968 година до 2000 година во Основното училиште „Владо Кантарџиев“
Љоков беше долгогодишен тренер на РК „Младост“ и РК „Млаз“ од Богданци, чиј беше еден од оснивачите во 1979 година, а гевгеличани го паметат по тоа што ја формираше женската ракометна екипа на „Керамика“, а беше и тренер на ракометарите и одбојкарите на „Винојуг“
 
Погребот на посмртните останки на вљубеникот во спортот Васил Љоков ќе биде на градските гробишта во Гевгелија утре, 2 ноември, во 14 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *