ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ И МИРЈАНА КРСТЕВА МАССЕТИ УЧЕСНИЦИ НА ИЗЛОЖБАТА „МАЛ ФОРМАТ“ НА ДЛУМ

Во салонот „Империјал 1“, при Културно- информативниот центар во Скопје, е отворена изложбата „Мал формат“, на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. 
 
На неа учествуваат 40 уметници со 55 дела, работени во различни медиуми (сликарство, скулптура, графика, цртеж, колаж, објекти и нови медиуми).
 
Меѓу изложените дела се најдоа и делата на двајца реномирани членови на ДЛУГ, Мирјана Крстева Массети, со делото „9741“ , комбинирана техника и Перо Кованцалиев со скулптурата „Системски височини“.
 
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“, со површина 25 на 25 сантиметри, претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *