ОПШТИНА ДОЈРАН СЕ ГОРДЕЕ СО СВОИТЕ МЛАДИ КАРАТИСТИ КОИ ОСВОИЈА 5 ЗЛАТНИ И 4 СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ

WEB Телевизија во живо

За нецела година од постоењето на карате клубот “Дојран”, со редовни и посветени тренинзи и со голема упорност и залагање на претседателката и основач на карате клубот “Дојран”, Лилиана Упчева, младите каратисти од овој клуб се закитија со 5 златни и 4 сребрени медали на 47- миот WADOKAI Европски шампионат !
 
Во КАТА ТЕАМ во категоријата деца од 8-9 години го освоија првото место и златен медал. КUMITE ТЕАМ во категоријата од 10-11 години е освоено второ место и сребрен медал. KUMITE во категорија од 10-11 години +40 се закитија со златен медал и освоено прво место.
 
На овој шампионат се освоени и два сребрени медали во категоријата деца од 8-9 години
Каратистите беа примени од градоначалникот Анго Ангов, кој им го честиташе овој голем успех на Европските клупски шампиони во карате до 11 годишна возраст со нивниот тренер. Исто така тој се интересираше и за иднината на карате клубот за нивните потреби и идни планови, при што им вети целосна подршка.
 
Токму затоа од сѐ срце ги поддржуваме сите деца кои имаат афинитети за спорт, музика, литературно и уметничко творење.
Општината е секогаш отворена и подготвена за соработка, поддршка и промоција на талентираните млади луѓе кои живеат и творат на територијата на Општина Дојран, рече на крајот Анговl

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *