ООУ „ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ“ ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНАТ

Вчера, во Народниот театар – Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија го прослави својот Патронен празник. Учениците, подготвени од своите ментори- одделенските наставници и наставниците по македонски јазик, ликовно образование и спорт, пред големиот број публика, ја презентираа богатата мултимедијална програма за чествување на Патрониот празник. Во програмата, беа опфатени активности од сите видови уметност: литература, театар, фолклор, современ танц, ликовна уметност и музика.
Свечената манифестација, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ја отвори директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Ружица Икономова, која во своето обраќање истакна:
 
– Да се биде дел од Општинското основно училиште „Владо Кантарџиев“ е голема чест, но и огромна одговорност. Низ годините, во текот на воспитно-образовниот процес се создале личности кои денес насекаде гордо го претставуваат нашето училиште како темел во постигнувањето на нивниот успех. Реномето кое го имаме, е резултат на севкупниот ангажман на сите чинители, нашите наставници во пензија, поранешните ученици кои живеат и работат овде и насекаде низ светот и, се разбира, сите вие кои денес сте дел од „Владо Кантарџиев“ – ученици, вработени, родители. 

Од 2022 година, по наше барање, се промени датумот на Патрониот празник според датумот на раѓањето на Владо Кантарџиев- 18 ноември. Нашето училиште има препознатлив идентитет, со име на млад херој од Гевгелија, борец за слободата на татковината, Химната на Училиштето, авторско дело на наставникот по музичко образование, Крсте Делев, а оваа година и грбот, кој го презентираме денеска.
 
Притоа, од нејзина страна им беа врачени Плакети на неколку истакнати личности кои го дале својот придонес во развојот на воспитно-образовниот процес и постигнувањата на Училиштето. И тоа, на: Борис Петров, ликовен уметник и долгогодишен просветен работник во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, кој го насликал портретот на Владо Кантарџиев и го отстапил на Училиштето; Катерина Пренда, поранешна ученичка во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, која по моделот на насликаниот портрет го дизајнираше грбот на Училиштето и Ѓорги Новаков, Првенец на генерацијата во учебната 2021/22 година, за постигнувањата на Регионални, Државни и Меѓународни натпревари по природни науки. 

Исто така, директорката Икономова врачи Плакета и на член од семејството на Кантарџиев, неговата внука.
Денеска, пред спомен-бистата на Владо Кантарџиев, во дворот на Училиштето, вработените и учениците полагаа цвеќе, оддавајќи му почит на Патронот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *