„ОДБЛЕСОК“, ИЗЛОЖБА НА ТАЊА ТРАЈКОВА ВО ПИОНЕРСКИОТ ДОМ.

Третата по ред изложба на Тања Трајкова, насловена ,,Одблесок” ќе биде отворена во четврток, на 24 ноември 2022 година во 19 часот во Пионерскиот дом во Гевгелија.

Идејата за овие дела е иновативна и оригинална со употреба на апстрактни детали со златни и сребрени листови залепени на сликарско платно кои даваат еден длабок и луксузен изглед. Идејата за користење на златни и сребрени листови доаѓа од самиот сончев одблесок или огнен одблесок, одблесок од дождот, односно од нивната рефлексија.

Употребата на златни и сребрени листови е единствениот практичен метод за позлата и сребро на разни предмети. Во минатото занаетчиите секогаш користеле златни лисја како посебен вид украс и мебел со златни листови и сребро, се користеле при дизајнирање на царски палати и замоци. Овој метод останува популарен и денес, бидејќи му дава на мајсторот целосна контрола врз процесот на позлата.

 Позлата се користело и во сликањето во куќите на аристократијата. Сјајот на површината, нејзината издржливост, како и самата постапка за позлата и пакетот материјали зависат од избраната техника на нанесување златни лисја и сребро и ваквите слики и предмети може да траат со децении.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *