ОДБЕЛЕЖАНИ 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО НА ВАСИЛ ТОЦИНОВСКИ

WEB Телевизија во живо

Синоќа, во Народниот театар во Гевгелија во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, се одбележаа 50 години творечка кариера на македонскиот писател, книжевен историчар и критичар проф. д-р Васил Тоциновски.
 
Настанот, под покровителство на Општина Гевгелија го отвори директорот на библиотеката м-р Стефан Марковски и истиот е во рамки на Програмата за чествување на 7 Ноември – денот на ослободувањето на Гевгелија.
 
За творештвото на проф. д-р Васил Тоциновски зборуваше проф. д-р Славчо Ковилоски, кој меѓу другото напомена дека проф. д-р Васил Тоциновски, роден на 22 август 1946 во с. Стојаково, спаѓа меѓу најплодните современи македонски автори. 
 
Неговото дело се врзува за маркантниот опус сочинет од над 120 книги од сите области, од кои 65 дела од областа на белетристиката и науката, 66 редакции и избори од македонското книжевно и публицистичко наследство и 22 енциклопедии, учебници, прирачници и зборници, каде се јавува како автор или коавтор. Во домашната и странска периодика публикувал над четиристотини книжевно-историски студии и над 650 есеи и критики.
 
Добитник е на голем број значајни награди за своите достигнувања во науката и книжевноста. Бил професор на 1244 студенти по македонистика на Филозофскиот факултет во Риека, ментор на голем број трудови посветени на македонската литература, јазик и култура. Тој е актуелен секретар за активности во земјата на Друштвото на писателите на Македонија.
 
Настанот беше збогатен со прекрасниот глас и гитарата на Теодора Гошева.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *