ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА СПОРТСКИ ПРОЕКТИ ЗА 2023 ГОДИНА ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Oпштина Гевгелија го објави Конкурсот за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2023 година. На Конкурсот, имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. 

Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт. 

Конкурсот e отворен до 19 декември, 2022 година. Пријавите со потребните документи апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија, преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2023 година“. 

Апликантите задолжително треба да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Резултатите од Kонкурсот ќе бидат објавени во вид на Програма за финансирање: програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот, од интерес на Општина Гевгелија за 2023 година која ја носи Советот на Општина Гевгелија, а ќе биде објавена во Службен гласник и вебстраницата на Општината. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *