НОВИОТ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ЗА НЕГОРЦИ ЌЕ ОБЕЗБЕДИ РЕДОВНО И КВАЛИТЕТНО СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ОВА НАСЕЛЕНО МЕСТО

WEB Телевизија во живо

Во завршна фаза е изградбата на новиот водоснабдителен систем за населеното место Негорци. Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот Андон Сарамандов, заедно со претставници од фирмата изведувач Жикол и претставници од ЈПКД Комуналец изврши увид на новоизградениот водоснабдителен систем за населеното место Негорци.
 
Изградбата на овој систем, со средства од германскиот грант преку КФВ банката, опфаќа нов цевковод, со вкупна должина од 6.405 метри, со кој ќе се обезбеди целосно и квалитетно водоснабдување на Негорци од водоснабдителниот систем во Гевгелија.
 
Деновиве беше извршено притисочно тестирање, а во наредните неколку денови ќе биде извршено и дезинфекциско чистење на цевководот. Наскоро е предвидено овој крак Ф110 да се приклучи на градскиот водовод и да биде пуштен во употреба. Со ова се решава долгогодишниот проблем за редовно и квалитетно водоснабдување на околу 2.500 жители од населеното место Негорци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *