НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ, КОДИФИКАТОР НА МАКЕДОНСКИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК

WEB Телевизија во живо

„Нека ми биде простено, но јас, како Македонец, на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници и само потоа интересите на Бугарија и Југославија. Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас Македонците да не прашаат за сите прашања што не засегнуваат нас и нашите соседи, а не да се свршува се само со спогодби помеѓу Бугарија и Србија за нас, но без нас.“
 
На 18 ноември 1874 година во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков.
Тој е истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издал книгата „За македонцките работи“, која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издавал на македонски јазик, весникот „Вардар. 
 
Умрел во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година.
Мисирков е кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис и идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата. Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.
 
„За македонцките работи“
Најзначајно дело напишано од раката на Крсте Петков Мисирков е книгата „За македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Во таа книга Мисирков ја обработува положбата на македонскиот народ, актуелната тогашна политичка и етнографска состојба на Македонија и пошироко.
Најзначаен дел е последната глава од книгата наречена „Неколку зборои за македонцкиот литературен јазик“ во кој јасно Мисрков дава предлог за оформување на литературен стандарден македонски јазик базиран врз централните говори. Од поголемо значење е и тоа што Мисирков користи азбука што е база за денешната македонска кирилична азбука.
 
Остварување на идејата за одделен македонски јазик е објавувањето на книгата „За македонцките работи“ (во Софија, 1903) од Крсте Петков Мисирков.
Книгата на Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-програма за македонското народноослободително движење. Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *