НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1923 ГОДИНА ВО ГЕВГЕЛИЈА Е РОДЕН ВЛАДО КАНТАРЏИЕВ

На 18 ноември 1923 година во Гевгелија е роден Владо Кантарџиев. Иако потекнувал од сиромашно семејство, Владо успеал да заврши Економско училиште во Скопје.
 
Како ученик се дружел со прогресивни младинци, учесници на скопското и гевгелиското младинско движење. Повеќе пати растурал летоци и друг пропаганден материјал. Член на СКОЈ станал во 1942 година, а на КПЈ во јули 1943 година.
 
Владо заминал во партизани со групата од 13 младинци од Гевгелија, на 20 април 1944 година, вклучувајќи се во составот на Втората македонска ударна бригада.
 
Загинал како борец на оваа бригада на 12 јуни 1944 година во близина на селото Страмашево, Кавадаречко, во борба со бугарската фашистичка полиција.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *