НА 10-ОТ ПОЛУМАРАТОН „ПАИКОС ТРЕИЛ 2022“ НАСТАПИЈА 7 ТРКАЧИ ОД ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

АТАНАС ЕПОВ ПРВ ВО ТРКАТА НА 5 КИЛОМЕТРИ.
 
Денес, над 250 тркачи учествуваа на 10-то издание на Полумаратонот Паикос, на 21 и на 5 километри, кој еднаш веќе беше одложен поради лошите временски услови.
 
На оваа трка, која се одржува на планината Паико, во срцето на митскиот регион Пела, учествуваа и седуммина тркачи од Гевгелија.
 
Дарко Прошевски и Ристо Чалков, како членови на АК„7-ми Ноември“ и Станислав Стоименов и Методија Ичев, како членови на ЗПСК „Кожуф“ ја истрчаа полумаратонската трка во должина од 20 километри.
 
На 5 километри настапија членовите на АК „7-ми Ноември“, Драган Ристов, Атанас Епов и Никола Нанчев. Во оваа трка првото место го освои Атанас Епов.
 
Инаку, се работи за планинска трка по нерамен и карпест терен мкоја почнува од селото Елефтерохори.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *