МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЌЕ СПРОВЕДЕ ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ЦВЕТОВИ

Министерството за труд и социјална политика, во врска со прес конференцијата на пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ, на која таа обелодени за обид за прикривање на насилство врз 10 месечно бебе во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, соопшти дека презема соодветни дејствија во рамките на своите надлежности. Во детската градинка ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор, со што ќе се утврди фактичката состојбата за настанот.
 
На прес конференцијата, пратеничката Петкова обвини дека во вторникот, на 22.11.2022 година, во детската градинка „Цветови” во Гевгелија се случил брутален инцидент: 10 месечно бебе заврши во општата болница во Гевгелија со констатирани тешки телесни повреди и хематом на главата.
 
Директорката на градинката се обидела да го прикрие скандалот, наместо да преземе дејствија за санкционирање и да го пријави случајот во полициската станица во Гевгелија. Случајот во Полиција го пријавил родителот на бебето ден потоа.
Од градинката стигна демант до медиумите потпишан од директорката Елизабета Стефановска, во која таа вели дека за случајот е известено Министерството за труд и социјална политика Во демантот се тврди дека во клонот „Цветови“ немало насилство над детето, туку повредите (гребаници на лицето) ги добило во „детска игра“.
 
Директорот на Општа болница Гевгелија, пак, изјави дека детето било примено во болница со лесни повреди односно гребнатинки по лицето, констатирано од страна на дежурен лекар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *