КОНЦЕРТ ЗА ФЛЕЈТА И ПИЈАНО НА НАТАША ТРБОЈЕВИЌ И ЗЛАТКА МИТЕВА

WEB Телевизија во живо

Љубителите на сериозната музика од нашата општина имаа можност да проследат прекрасен Концерт за флејта и пијано. Наташа Трбојевиќ на пијано и Златка Митева на флејта , настапија во малата сала на Народниот театар – Гевгелија изведувајќи дела од: Schocker, Gamme, Beethoven и Grieg.
 
Златка Митева дипломирала на Националната музичка академија „Панчо Владигеров“ во Софија, каде што и магистрирала во класата на проф. Лидија Ошавкова. Вонреден професор по флејта е на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
 
Наташа Трбојевиќ дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Лепша Пиперковска, а магистрирала во класата на проф. Евушка Трпкова-Елезовиќ. Од 2016 година е доцент на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
 
Настанот е поддржан од Министерството за култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *