ЈАВНИТЕ КОМУНАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА, ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИ УЧИЛИШТА И ПРЕХРАМБЕНИТЕ КОМПАНИИ ЌЕ СЕ СНАБДУВААТ СО СУБВЕНЦИОНИРАНА СТРУЈА ОД „ЕСМ ПРОДАЖБА“.

Според податоците од ЕСМ, за помалку од еден месец за субвенционирано снабдување со струја се пријавиле 233 основни и средни јавни училишта, 50 јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици и од категоријата на физички и правни лица регистрирани во прехранбениот сектор, се пријавиле 235 субјекти.
 
Поевтина струја од 80 евра по мегават/час ќе добиваат компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи. Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат производи – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.
 
За да имаат непречено и сигурно снабдување со електрична енергија, основните и средни јавни училишта ќе склучат договор за снабдување со „ЕСМ Продажба“, по цена од 95 евра по мегават/час.
 
Можност за снабдување со електрична енергија од ЕСМ е обезбедена за јавните претпријатија од областа на водоснабдување и одведување на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици. со цел да се обезбеди непречено функционирање на овие витални функции во локалните самоуправи, цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават/час.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *