ЈАПОНСКОТО ЈАБОЛКО, ХРАНАТА НА БОГОВИТЕ, ПОТЕКНУВА ОД КИНА А НАЈМНОГУ ГО ИМА ВО ГЕВГЕЛИСКО – ВАЛАНДОВСКИОТ РЕГИОН

Ако сакате да вметнете нешто здраво во исхраната за добар имунитет и против прерано стареење – јадете јапонско јаболко. Јапонските јаболка се традиционално овошје во Јапонија, иако всушност потекнуваат од Кина. Ова овошје станува особено популарно во последниве години и кај нас во Македонија. Најмногу го има во гевгелискиот и валандовскиот регион.
 
Наликува на домат со портокалова боја, но кога ќе го пресечете, ќе утврдите дека тоа всушност е сочно овошје кое содржи бројни лековити својства како витамин Ц, а исто така содржи и многу малку калории. Има уникатен благ вкус, пред сѐ поради присуството на танин. Изобилува со огромни количини на витамин А и бетакаротени кои ја диктираат и неговата портокалова боја.
 
Ова овошје исто така изобилува и со минерали, меѓу кои и селен. Токму поради антиоксидансните својства на овој минерал, по катастрофата во Чернобил, од Валандово биле извезени големи количини на јапонски јаболка токму за овој регион. 
 
Освен селен, застапени се и бакарот и калиумот.
Јапонското јаболко се препорачува да се јаде свежо, откако ќе омекне. Јаболкото лесно се лупи и се јаде срцевината. Ова овошје може да се користи и за слатко или пита. Во Јапонија го користат како додаток на оризот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *