И МЛАДИТЕ МУЗИЧАРИ ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ЈА ЗБОГАТИЈА ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 7 НОЕМВРИ

Јана Димитрова, Ребека Атанаскова, Матеа Тунџева, Андреј Данилов, Илија Димов, Викторија Каракабакова, Елена Анчева, Филип Трајков, Ана Димитрова, Благоја Стоев, Ана Димитрова, Благоја Стоев, Јана Димитрова, Дарко Ѓуровски и Јована Дупарова се тринаесетте ученика од ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, кои, вчера, ја збогатија седмоноемвриската програма со своите изведби на класични дела од различни композитори, на инструментите: флејта, пијано, виолина и кларинет. 

Под менторство на нивните професори: Сузана Стефанова, Соња Панова, Маја Зафирова, Влатко Сапламаев, Александар Лазаров и Костадин Издушнов, а во корепетиција на Соња Јованова, пред присутните, во Малата сала на Народниот театарГевгелија, учениците уште еднаш ги потврдија својот музички талент и виртуозност, но и квалитетот во музичко воспитнообразовниот процес, преку кој ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со години оформува потенцијални музички кадри. 

Концертот беше отворен од страна на директорката на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, Сузана Стефанова, која накратко ја презентираше програмата за концертот, истакнувајќи дека со години по ред ООМУ „Васо Карајанов“ го збогатува музичкиот живот во Гевгелија и учествува во програмата за чествување на општинскиот празник. Притоа, ја упати својата благодарност и за годинашната покана од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, за учество на ООМУ „Васо Карајанов“ во културните активности по повод 7 Ноември.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *