ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ГИ ПРИМИ МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ПРЕД ДУЕЛИТЕ СО НОРВЕШКА И ДАНСКА

Во просториите на Општина Гевгелија, градоначалникот Андон Сарамандов ги прими репрезентативците на Македонија, заедно со стручниот штаб на македонската кошаркарска федерација..
 
Сарамандов изрази задоволство за оваа средба и за фактот дека во Гевгелија се играат два натпревари.
„Чест и задоволство ми е што Гевгелија и спортската сала „26 април” ќе бидат домаќини на двата натпревари со Норвешка, на 10 ноември, и Данска, на 13 ноември, во рамките на претквалификациите за Европското првенство. Им посакувам успех и победа на претстојните натпревари во Гевгелија“, порача градоначалникот Сарамандов.
 
Избраниците на селекторот Јончевски се подготвуваат за натпреварите со Норвешка и Данска во претквалификациите за Европското првенство.
 
Првиот дуел со Норвежаните е закажан за денес, 10 ноември од 19 часот во спортската сала „26 Април“, додека три дена подоцна, во недела, на 13 ноември е мечот со Данска.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *