ГЕВГЕЛИЈА ВИКЕНДОВ БЕШЕ АТЛЕТСКИ ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА – СЕ ОДРЖА ВТОРАТА ТРКА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“

WEB Телевизија во живо

Викендов, Гевгелија пулсираше во знакот на атлетиката. Над 1400 атлетичари зедоа учество на трите трки кои по втор пат ги организираше Атлетскиот клуб „7-ми Ноември“ од нашиот најсончев град.
 
Во саботата се одржа детската трка на еден километар, на која над 450 создадоа прекрасна атмосфера. Беше возбудливо на патеката, но и покрај неа, каде родителитте и роднините на младите „маратонци„ ги бодреа своите најмили.
 
Денеска, недела, се случи главниот настан, трките на 5 и 10 километри, на кои настапија над 700 натпреварувачи од 11 земји. Освен од Македонија, имаше натпреварувачи од Србија, Грција, Косово , Албанија, Полска, Австрија, Бугарија, Холандија, Италија и Швајцарија.
 
Што се однесува до натпреварувачите од Македонија, најголем број дојдоа од Скопје, 344 учесници, по што следуваа Гевгелија со 200, Битола со 43, Штип со 32, Струмица со 28, Кавадарци со 21 Велес со 18, Охрид со 17 и Прилеп со 16 пријавени натпреварувачи
 
И покрај лошото време, паѓаше ситен дожд, сепак голем број гевгеличани излегоа крај патеката да ги поздрават учесниците на оваа манифестација, која за само две години стана една од најголемите и најдобро организирани атлетски натпревари во регионот.
 
Победници во трката на 5 километри станаа, во женска конкуренција Магдалена Станковска, додека кај мажите најдобар беше Астрит Криезиу од Косово.
 
На 10 километри најуспешни беа, кај жените, македонската најдобра маратонка Адријана Поп Арсова, додека меѓу мажите најдобро време имаше Муса Хајдари од Албанија.
 
За безбедноста и редот на самата трка, покрај Полицијата, Пожарната единица и Брзата Помош, се грижеа и 120 волонтери на Црвениот крст и на организаторот.
 
И оваа, втора трка „NOVEMBER RUN GEVGELIJA 2022“, исто како и првата , покажа дека полека но сигурно, Гевгелија станува вистинска атлетска престолнина во земјава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *