ГЕВГЕЛИЧАНИ УЖИВАА ВО „СЕКС И ЛАГИ“ НА КУМАНОВСКИОТ ТЕАТАР

WEB Телевизија во живо

Љубителите на театарот, посебно на комедијата, синоќа го исполнија Народниот театар во Гевгелија, за да ја проследат претставата „Секс и лаги“ во изведба на Кумановскиот театар, а во рамките на чествувањето на Општинскиот празник 7-ми Ноември.
 
Во режија на Драгана Таневска, претставата урнебесно ја одиграа Марко Трајковиќ, Сања Русеска, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ, за што на крајот добија и заслужени аплаузи.
 
Драмата „Секс и љубомора“ е на францускиот драматург и режисер, Марка Камолети, познат по своите водвили. Тој ја напиша и „Боинг-Боинг“ која е најизведуваната француска драма во светот. Достигна рекорд од над 10.000 настапи ширум светот. Има напишано и над 40 драми кои се преведени на 18 јазици и професионално изведени во 55 земји. Неговите драми се адаптирани 14 пати за филм и телевизија.
 
Иако е неблагодарно да ја кажуваме содржината, сепак во две реченици тоа би изгледало вака:
„Ако мажот се грижи за својата сопруга, тоа е затоа што ја сака, без сомнение… Со сето тоа вклучува љубов, чувства и инстинкт на сопственост…
Значи, ако друг маж се обиде да му ја земе жената, еве го нашиот сопруг кој има само една идеја на ум, одмазда…“
 
Комедијата „Секс и лаги“,e спој помеѓу интригата и љубовта, страста и моралот, вистината и лагата, сведоштво за начинот на кој се третирани љубовните и семејните релации помеѓу маж и жена. Ова е претстава во која конфликтот на интереси произнесува чувства, реакции и односи кои ги прават ситуациите комични.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *