ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ЛЕГЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ ВО ПРИВАТНИТЕ НОЌЕВАЛИШТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Туристите кои оваа година поминуваа низ Гевгелија на пат кон грчките одмаралишта, преспиваа во нашиот град. На располагање им стоеја понудите на гевгелиските издавачи на соби, кои за разлика од лани, двојно ги зголемија леглата за издавање. 

Според регистерот на приватни издавачи на соби во Општина Гевгелија, каде што се пријавуваат сите физички лица што се занимаваат со туристички услуги од помал обем, ова лето беа пријавени 60 издавачи, во градот Гевгелија, и во населените места Негорци, Прдејци и Серменин. 

Ако во просек тие располагаат со по 10 легла, тоа значи дека приватните ноќевалишта на туристите им понудија околу 600 легла. Но, оваа бројка сигурно е занчително поголема и според реалните проценки достигнува и до 800 легла.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *