ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ И ЕВАНГЕЛИСТ МАТЕЈ

НИКОГАШ НЕ ЈАДЕЛ МЕСО, СЕ ХРАНЕЛ СО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
 
Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни. После Христовото вознесение беше избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието.
На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.
 
Светиот апостол и евангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од Божјиот народ собирале пари за неверникот окупатор односно за римските власти. Кога Свети Јован Крстител го подготвувал народот за доаѓањето на царството небесно, односно кога ги повикувал луѓето да се покаат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. На тоа тој им одговарал: „Не земајте повеќе од одреденото“. 
 
Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовире: „Идеј по мене“. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј, што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. На тоа Исус одговорил: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните…“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *