ДЕНЕСКА ДЕТСКА ТРКА НА ЕДЕН КИЛОМЕТАР ВО РАМКИТЕ НА „NOVEMBER RUN GEVGELIJA“

WEB Телевизија во живо

Денеска, 5 ноември,сабота низ улиците на Гевгелија ќе трчаат дечињата, пријавени за учество на Детската атлетска трка во рамки на November run Gevgelija. Трката ќе започне во 16:00 часот, на платото пред споменикот на Сава Михајлов. Организаторот ги објави правилата за учество на оваа интересна трка.
 
1. Учесниците се поделени во три групи: Категорија 1 (2009-2010-2011 година), Категорија 2 (2012-2013-2014-2015 година) и Категорија 3 (2016 и помлади). Стартот на трката е во 16:00 часот во близина на споменикот на Сава Михајлов. На стартната линија се подредуваат најпрво Категорија 1, Категорија 2 и последни Категорија 3.
 
2. За првите три места во секоја категорија машки и женски, обезбедени се пехари и дипломи. Секој учесник кој ќе ја финишира трката ќе добие дрвен финишер медал. Стартното бројче треба да биде поставен на учесникот. Мерењето и резултатот е со чип кој се наоѓа зад стартниот број. Победниците се утврдуваат по времето измерено со чип Chip time.
 
3. Родителите/старателите на децата, стартните броеви можат да ги подигнат во петок (04.11.2022 година) од 16:00 до 21:00 часот, како и сабота (05.11.2022 година) од 10 до 14:00 часот. По овој термин нема да бидат делени стартни броеви.
 
4. Родителите/старателите на трката се одговорни и вршат проценка за физичката спремност на своето дете, како и тоа дали истото треба да трча со придружба. Дозволена е придружба на децата во сите 3 категории.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *