ДЕНЕС И СТАРО И МЛАДО БЕШЕ НА СПОРТСКОТО ДЕФИЛЕ „ГЕВГЕЛИЈА НА ТОЧАК“

Над 800 точкаџии, од најмлада до највозрасна генерација, денеска ги „јавнаа“ своите точаци и докажаа по трет пат дека Гевгелија е град кој е идеален за ова превозно средство, бидејќи нели, Гевгелија е „рамна ко тепсија.“ Најмладите имаа по 6 години, додека највозрасни беа, се разбира пензионерите.
 
Организаторот, Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“,може да биде задоволен од одзивот на овој настан, чија цел е да ја подигне свеста на гевгеличани дека не треба секогаш, и за најмало растојание да седнуваме во автомобилите.
 
За такво нешто потребно е само да се качите на вашиот точак, кој, прво, не ја загадува животната средина и второ, возењето точак одлично ќе влијае на подобрувањето на вашата физичка кондиција и, што е уште поважно, на вашето здравје.
 
Вкупната должина на патеката за возење со велосипедите по гевгелиските улици изнесуваше 5 километри, точкаџиите беа придружувани од полициско и возило на Итната помош, а на финишот, на градското шеталиште , за учесниците беше организирана и забава.
 
Честитки за добрата организација на овој настан кој е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските манифестации и настани за 2022 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *