„ДЕН НА ПРАЗОТ“ ВО ГРАДАШОРЦИ, ОПШТИНА ВАСИЛЕВО

Во недела, на 13.11.2022 година, во организација на општина Василево, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, со почеток во 11,00 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на празот.
 
Присутните ќе имаат единствена можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер.
Според Програмата, свое обраќање на Манифестацијата ќе има градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.
 
Во културно забавниот дел со свои изведби ќе се претстават учениците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански од Нова Маала како и Културно уметничките друштва „Сушевски бисери“ од с. Сушево и КУД „Цветови“ од с. Дедино.
Свој настап ќе има и групата Next time.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *