„ДЕЦАТА НЕ СЕ РАЃААТ СО ПРЕДРАСУДИ“- ОСНОВЦИ ОД ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И СТОЈАКОВО ИСПРАТИЈА МОЌНИ ПОРАКИ

Убавината е во различноста! – порачаа ученици од општините Гевгелија и Богданци, од ООУ „Владо Кантарџиев“, каде што учествуваа учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ и од ООУ од Богданци и од Стојаково, на завршните настани на проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“, што е инициран од театарот „Глада Худик“ од Худиксвал, Шведска.
 
„Сите деца имаат исти права“, „Сите ние сме исти“, „Децата се деца, без разлика на нивниот изглед“, „Секој е посебен на свој начин“, „Убавината е во различноста“ – ова беа дел од пораките што во изминатите два дена ги испратија деца од општините Босилово и Гевгелија. 
 
Трета година по ред во проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ се вклучија 15 училишта од целата земја, кои во два месеца реализираа работилници, разговараа, твореа. Како дел од активностите им беше да го проследат филмот „Модна ревија: Од Глада Худик до Њујорк“, во режија на Јохан Ског, снимен во 2020 година. За активностите со училиштата се погрижи музичката уметница Ребека Јанковска-Ристески, основач на „Дајте ни крилја“.
 
„Во Гевгелија ме пречекаа со текст колку е важно сите заедно да живееме под исто небо и дека различноста нè прави поубави. Децата цртаа, слушавме музика, сите ги презентираа на сцената убаво испишаните пораки. Цртавме и на балоните, а сите тие хамери и балони ќе бидат закачени во училишниот хол. Сите беа срдечни, прекрасни. Разговарав со многу наставници, им пренесов искуства од наставници од Скопје, зборував за инклузијата на децата и колку е важно да бидат прифатени и треба секогаш да мислиме на нив“, вели Јанковска-Ристески.
 
Проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ и изложбата „И јас сум тука“ се поддржани од Шведскиот институт, како и од шведската амбасада во земјата. Основач на проектот е театарскиот режисер, продуцент и сценарист, борец за човекови права, Пер Јохансон.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *