ДАЛИ СО ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА АУДИО-ВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ВЛАДАТА СТАВА КАПА ВРЗ УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ И РАДИЈАТА ?

WEB Телевизија во живо

Со предложената брза интервенција во Законот за аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ), која веќе е во собраниска процедура, пет национални телевизии само од проектираниот државен Буџет за 2023 година за владини реклами ќе поделат 4,24 милиони евра.
 
Тие ќе имаат право да земат финансиски средства и од Општините на чие тло се регистрирани, плус од Град Скопје, вели предложениот текст за враќање на корупцијата во медиумите, потпишан од пратениците Марија Георгиевска (СДСМ), Диме Велковски (СДСМ), Арбана Пашоли (ДУИ), Исмаил Јахоски (ДУИ) и Коле Чаракчиев (СДСМ).
 
Со предложените измени, за „кампањите за подигнување на јавната свест“ , се обезбедуваат задолжителни 0,1 отсто од Буџетот на државата. Од нив, 80 отсто се наменети за кампањи од јавен интерес кои ќе се емитуваат само на пет национални телевизии (Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат) кои ќе добијат околу над 4 милиони евра, а останатите 20 отсто (околу милион евра) се наменети за 40 регионалните телевизии и за радијата на државно и на регионално ниво.
 
Измените не само што се во насока на поткуп на телевизиите и радијата со пари на граѓаните, туку ќе значат и мешање и контрола на уредувачката политика во нив, од нарачателот на кампањите, Владата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *