ЧЛЕНОВИТЕ НА “МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА” ЈА СРЕДУВААТ МОТОКРОС ПАТЕКАТА „МИЛЦИ“

Како што не информираа од гевгелискиот мото крос клуб, веќе неколку дена трааат работите на средување на мото крос патеката Милци, крај Гевгелија. Патеката , која е минимално изменета, односно продолжена со неколку елементи, ја средуваат самите членови на “МОТОКРОС КЛУБ ГЕВГЕЛИЈА”, со сопствени средства но и со финансиска поддршка на неколку спонзори.
 
Од клубот, кој е веќе регистриран во Моторциклистичката федерација на Македонија и во Агенцијата за млади и спорт велат дека работат забрзано на реновирањето на оваа позната мото крос патека, и очекуваат таа да биде подготвена за првиот викенд во месец декември.
 
За тогаш е закажано тренинг возење, како и посета од страна на членови на Моторциклистичката федерација на Македонија која ќе изврши контрола на изведените работи на патеката за да одобрат лиценца за одржување на натпревари на истата.
 
Се работи за една од најдобрите мото крос патекли во Македонија, каде се одржуваа мото крос натпревари во изминатите години, а првата мото крос трка на патеката Милци во организација на Моторциклистичката федерација на Македонија и АМД „Дичо Панов“ од Гевгелија, беше одржана во далечната 1998 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *