ЧЛЕНОВИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ЦЕЦА СРБОВА, ТОДОР АНЧЕВ И НИКИФОР ЏАЛЕВ ТРЧАА НА „PODGORICA MILLENIUM RUN“

Денеска, тројца тркачи на АК „7-ми Ноември“, трчаа на 5 и 10 километри на втората по ред манифестација „PODGORICA MILLENIUM RUN“, во главниот град на Република Црна Гора. 

Цеца Србова трчаше на 5 километри, додека Тодор Анчев и Никифор Џалев истрчаа 10 километри. И покрај повредата на ногата чии последици сеуште ги чувствува, Тодор Анчев успеа да се пласира на 9-то место.
Инаку, „PODGORICA MILLENIUM RUN“ успеа да собере 1.250 учесници од 32 земји од светот.
 
Во рамки на манифестацијата се одржа 29-от Подгорички маратон и 25-то првенство на Црна Гора во маратон и полумаратон за мажи и жени. Покрај полумаратонот и маратонот, се одржаа и трките на пет и десет километри. Стартот и финишот на сите трки беше на мостот Милениум во Подгорица

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *