ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

БАЛЕТСКИОТ И ОПЕРСКИОТ АНСАМБЛ НА МОБ СО ИЗВЕДБАТА НА РАВЕЛОВОТО „БОЛЕРО“ И „ОПЕРСКИОТ КОНЦЕРТ“ ЈА ВООДУШЕВИЈА ГЕВГЕЛИСКАТА ПУБЛИКА

Синоќа, по повод одбележувањето на 7 Ноември, а во рамки на празничната програма и во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, по завршувањето на Свечената седница на Советот на Општина Гевгелија, свој впечатлив настап имаа Оперскиот и Балетски ансамбл при Националната опера и балет со Равеловото „Болеро“ и „Оперскиот концерт“.
 
Гевгеличани, во првиот дел, имаа можност да уживаат во балетската изведба на „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, во која настапија Ангела Велевска, Илијана Данилов, Ангелa Богатинова, Бојана Христовска Хоурсеау, Меланија Гоцевска, Ивана Димкоска, Симона Колиштркоска, Мартина Димовска и Андријана Богатиноска.
 
Болеро започна како балетска партитура нарачана од танчерката Ида Рубенштајн. Нејзината група ја танцуваше првата изведба на композицијата во Париската опера во 1928 година.
Морис Равел, чии корени биле во Баскија на француско-шпанската граница, првично делото го нарекол Фанданго. Колку и да изгледа романтично, Равел рекол дека пулсирачката, ритмичка композиција е инспирирана од една од фабриките што ги посетил со неговиот татко, кој бил инженер.
 
„Оркестарот е тој што прави се да функционира“, вели Хофман. “Тоа се боите во оркестарот. Тој постојано додава инструменти, постојано ја менува оркестрацијата. Но, тој не ја менува мелодијата, не ја менува хармонијата, тој не го менува ритамот. Ништо не се менува освен оркестрацијата – – и јачината на звукот.”
 
Во вториот дел, публиката уживаше во Гала-концерот на четирите солисти од Оперскиот ансамбл : Aна Ројдева, Злата Тошеска, Александра Лазаревска- Василевски и Павлина Новакова- Георгиева, во пијано придружба на Јордан Петрушевски. На програмата беа застапени оперски арии од делата на : Боито, Глук, Пучини, Верди, Маскањи, Белини, Гуно, Делибес, Доницети и Штраус.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *