АНСАМБЛОТ „БОЈМИЈА“ НА ТУРНЕЈА ВО СРБИЈА. ВО НЕДЕЛА НАСТАПУВААТ ВО ПОПУЛАРНАТА ЕМИСИЈА „ШАРЕНИЦА“

Ансамблот „Бојмија“ продолжува со своите активности. Така, во периодот од 10 до13 Ноември првиот ансамбл на Ensemble Bojmija замина на турнеја во Србија каде ќе има бројни активности и презентација на македонскиот фолклор, обичаји, како и претставување на Општина Гевгелија. 

По покана од нивните пријатели од KUD Ljubomir Ivanović-Gedža од Ковачевац, „Бојмија“ ќе учествуваат и во мегапопуларната музичка емисија “Шареница” која се емитува секој викенд на државната РТС1 во Србија. Веднаш потоа следува целовечерен концерт во населба Рипањ, Белград и заеднички концерт со нивните домаќини од Ковачевац.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *