Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес оствари претпразнична средба со делегациите од збратимените општини Јабланица, БиХ, предводена од градоначалникот Дамир Шабановиќ, од Инџија, Република Србија, предводена од Ѓорѓе Димиќ, претседател на Собранието, и од Севлиево, Република Бугарија, предводена од претседателката на Советот Здравка Лалева.
Исто така, на средбата присуствуваа и делегациите од пријателските општини Разлог, Република Бугарија, предводена од градоначалникот Венцислав Геров, од Гвозд, Република Хрватска, предводена од градоначалникот Милан Врга, а за прв пат, како и од Велика Кладуша, БиХ, предводена од Ервин Абдиќприем за гостите, делегации од збратимените Општини Инџијa- Република Србија, Јабланица- Република Босна и Херцеговина, Севлиево- Република Бугарија, како и пријателските Општини: Разлог- Република Бугарија, Гвозд- Република Хрватска и Велика Кладуша- Република Босна и Херцеговина, кои присуствуваат на чествувањето на Општинскиот празник 7-ми Ноември.
„Чест ми е да ве поздравам во нашиот град, и што после 3 години, поради ковид кризата, повторно можеме да ги обновиме овие наши заеднички средби, дружења и размена на искуствата. Во наредниот период моја замисла е дел од раководителите на сектори во Општина Гевгелија да ги посетат своите колеги во вашите општини, каде низ работни средби ќе може да придонесат за економски и културен напредок нашите општини, прку различни форми на соработка. Во оваа насока сметам дека и иницијативата „Отворен Балкан“ многу ќе придонесе во оваа насока“.
Гостите, исто така, го изразија своето задоволство што се повторно во Гевгелија, бидејќи тоа е можност за продолжување на соработката. Притоа, ја истакнаа заинтересираноста за конкретизирање на оваа соработка во рамките на веќе создадената мрежа на збратимени и пријателски општини. Како во поглед на искуствата околу функционирањето на локалната самоуправа, така и во подготвувањето и реализацијата на одделни проекти.