СВЕТОТ ДЕНЕСКА СЕ БОИ ВО ПОРТОКАЛОВО – 25 НОЕМВРИ МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИTE И ДЕВОЈЧИЊАTA

Денеска е Меѓународен ден против насилството врз жените во спомен на трите сестри Мирабел од Доминиканската Република. Во 1960 година, диктаторот Рафаел Трухиљо наредил да бидат погубени поради нивните револуционерни активности и борба за демократија и правда. 
 
Сестрите Мирабел станаа симбол на националниот и феминистичкиот отпор, а во 1999 година Генералното собрание на Обединетите нации официјално го прогласи денот на нивното погубување како Меѓународен ден против насилството врз жените.
 
На 25 ноември Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и девојчињата, официјалната статистика за насилството врз жените во земјава за минатата година е поразителна.
Од 1535 регистрирани случаи, 1138 се жени жртви на насилство, 7% од жените се демнети, секоја петта жена преживеала некаков вид на родово-базирано насилство.
7 од 10 жени претрпеле сексуално вознемирување на јавен простор и сексуално вознемирување преку Интернет.
 
Во однос на фемицидите според нашата студија 60% од убиените жени се жртви на сегашен или поранешен интимен партнер.
Ако си жртва на насилство побарај помош во Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство:
Психосоцијално советување и поддршка: 075/255-154
Правна помош и поддршка: 075/304-802
 
 
Сите заедно, граѓаните, здруженијата на граѓани и надлежните институции треба да работиме на насилството бидејќи тоа не е приватен туку општествен проблем.
Медиумите се исто така клучен фактор што може да помогнат во превенцијата и подигнувањето на јавната свест во општеството.
Жените најчесто трпат насилство поради тоа што остануваат без дом доколку го напуштат насилникот! Анализите на организациите коишто се занимаваат со ова прашање укажуваат на овој проблем.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *