ТВ НОВА 12

Вести во Гевгелија и пошироко

ЗАВРШЕН НАСТАН-ПРОИЗВЕДЕНИ ПРВИТЕ ЕКО ПЛОЧКИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ОТПАДНА ПЛАСТИКА ВО ГЕВГЕЛИЈА И КОЧАНИ

На 30 септември, преку ZOOM платформата Драгица Чобанова, проектен координатор на Здружението „ЕКО ЛАЈФ“ од Гевгелија и Ирена Мирчовска, проектен координатор на Здружението „Еко тим Исток“ од Кочани ги презентираа постигнатите резултати од завршените проекти за намалување на отпадна пластика, на ГЕФ ПМГ на Република Македонија, пред заинтересираните новинари.
 
Во периодот од април 2021 – август 2022 година, во Кочани и Гевгелија, паралелно се реализираа проектите „Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Кочани преку воспоставување на систем за производство на екo плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика“ и
„Намалување на отпадна пластика на територија на Општина Гевгелија преку воспоставување на систем за производство на екo плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика“, кои беа спроведени од страна на Здружението „Еко Тим Исток“ во партнерство со „Екопроект-Ко„ од Кочани и Здружението „ЕКО ЛАЈФ“ во партнерство со „Близнак Ком“ во Гевгелија.
 
Проектите беа финансирани од страна на Глобален еколошки фонд Програма за мали грантови (ГЕФ ПМГ), а кофинансирани од Здруженијата „Еко Тим Исток“ и „ЕКО ЛАЈФ“, и партнерите „Екопроект-КО“ и „Близнак – Ком“.
 
Целта на двата проекти беше намалување на отпадната пластика на територија на Општина Кочани и Општина Гевгелија преку воспоставување на систем на производство на еко плочки за надворешно уредување од отпадна ПЕТ пластика.
 
Постигнати резултати:
– Набавена и инсталирана линија за производство на еко плочки за надворешно уредување од отпадна пластика и песок која е во функција и е сместена во просториите на еден од партнерите на проектот – Близнак Ком ДОО во Гевгелија;
– Набавена и инсталирана дробилка за дробење на отпадна ПЕТ пластика од општина Кочани која е сместена во просториите на Екопроект-Ко ДОО Кочани;
– Соберена и издробена над 10 тони отпадна ПЕТ пластика од која дел е веќе употребена за производство на еко плочки;
– Произведени околу 1,2 тона плочки (1250 броја – 50м2);
– Изработена web страна (ekoplocki.mk) за промоција и продажба како и промотивно видео;
– Извештај од извршено испитување на „Префабрикувани еко плочки од пластика и песок од фабричко производство“
– Разменети искуства и зајакнати капацитети на здруженијата за подготовка и спроведување на идни проекти;
– 1 лице со попреченост и 3 лица претставници на етнички малцинства ангажирани за потребите на проектот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *