ЗАПОЧНУВА СО РАБОТА ЛОКАЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОВЕТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА. ДЕНЕСКА СЕ ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ

По верификацијата на мандатите на петте члена од страна на Советот на Општина Гевгелија, започнува со работа Локалниот младински совет на Општина Гевгелија. 

Денеска, Локалниот младински совет на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата прва конститутивна седница, на која од редовите на членството ќе избере претседател и заменик-претседател. 

Исто така, ЛМС на оваа седница треба да го донесе и Деловникот за работа на младинското тело. Седницата ќе се одржи во просториите на РЦОР- Гевгелија, со почеток во 17:00 часот.
 
Како што е познато, за членови во ЛМС на Општина Гевгелија се избрани: Кристијан Алчинов, Памела Петровска, Атанас Епов, Тијана Ристовска и Георги Петков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *