ЗА ТРИ ДЕНА НАД 300 ГРАЃАНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП

WEB Телевизија во живо

Денеска се одвиваше третиот ден од вакцинацијата против сезонски грип во Општата болница во Гевгелија. 
 
Според информациите од Центарот за јавно здравје Гевгелија, изминатите три дена над 300 граѓани ја примиле вакцината против сезонски грип, на двата пункта. Заинтересираните граѓани од ризичните групи можат да се пријават преку страницата vakcinacija.mk.
 
Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета за постари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години.
 
Министерството испрати допис и до матичните лекари да им излезат во пресрет на заинтересираните граѓани да се пријават во системот за вакцинација.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *