ВО ЗАГРЕБ, НА ДЕНЕШЕН ДЕН 1993 Е ОСНОВАНО ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО

WEB Телевизија во живо

НЕЈЗИН ОСНОВАЧ И ПРВ СЕКРЕТАР БИЛ ПОРАНЕШНИОТ МАКЕДОНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОРИС ТРАЈКОВСКИ
 
Мало Македонско малцинство постои и во Хрватска. Според пописот на населението во Хрватска од 2001 има 4,270 Македонци во Хрватска или 0.1 од вкупната популација на Хрватска. 
 
Македонците во Хрватска имаат и свои здруженија како Илинден во Риека и во неколку училишта се изучува и Македонскиот јазик како предмет. Хрватска официјално ја призна и МПЦ. 
 
Македонското малцинство има и црковни општини во Хрватска, во Загреб, Риека, Осиек, Пула и во Сплит. Во Хрватска исто така има македонски друштва во Риека, Загреб, Осиек, Задар, Пула и во Сплит, кои се обединети во Заедницата на Македонците, во која членуваат околу 5.000 Македонци.
 
Колку било развиено македонското и хрватското пријателство го покажуваат и следниве настани од времепловот на македонско – хрватското пријателство и историја.
 
Зборникот на Миладиновци излегува од печат во Загреб, на 27 јуни 1861 година, за чие печатење помага хрватскиот бискуп и политичар Јосип Јурај Штросмајер.
„Бели мугри“ е збирка поезија од Кочо Рацин објавена на 25 ноември 1939 година во Самобор, близу Загреб, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци.
 
Бискупот Смиљан Чекада е Хрват меѓу македонските добитници на признанието „Правеник меѓу народите“, кој за време на службата како скопски бискуп под цена на својот живот спасува Евреи од логор.
 
Проф. д-р. Марин Каталиниќ (Трогир, Хрватска, 1887 – Скопје, 1959) е еден од првите ректори на Универзитетот во Скопје, автор на првата статија од физика печатена во Македонија и на првиот учебник по физика објавен на УКИМ.
 
Проф. д-р. Иво Пухан (Пакрац, Хрватска, 1916 – Скопје, 1999) двапати бил декан на Правниот факултет во Скопје (1957/58 и 1975–1977) и двапати проректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје (1956–1960). Бил југословенски делегат на Хашките конференции за меѓународното приватно право (1960, 1964, 1968 и 1972) и судија на Уставниот суд на СРМ (1963–1971).
 
Проф. д-р. Стјепан Антољак (Добој, Хрватска 1909 – Загреб 1997) бил хрватски историчар и еден од водечките балкански историографи, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, дописен член на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ), автор на делото „Самоиловата држава“ и коавтор на опусот „Средовековна Македонија“.
 
Рок-музичарот, основач и некогашен пејач на загрепската група Азра, Бранимир Штулиќ Џони, е роден во Скопје, на 11 април 1953 година.
Македонците во Хрватска се меѓу 22-те признати национални малцинства во Република Хрватска.
 
Поранешниот македонски претседател Борис Трајковски е основач и прв секретар на Македонско – хрватското друштво формирано во 1993 година.
 
Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ е прогласен за почесен граѓанин на Тетово во 2012 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *