УТРЕ, 28-МИ ОКТОМВРИ , 16-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Утре, 28 октомври, 2022 година, петок, Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 16 седница. На оваа седница, ќе биде разгледана Предлог-Одлуката за склучување Договор за долгорочен кредит помеѓу Општина Гевгелија и Комерцијална банка АД Скопје за реализација на капитален инвестиционен проект. 

Станува збор за долгорочно задолжување на Општина Гевгелија, со намена за проектот „Изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациона мрежа на улица „Св. Климент Охридски“ во Гевгелија.

Покрај ова, на седницата ќе се разгледуваат неколку одлуки од областа на урбанизмот, за утврдување на Нацрт-Детален урбанистички план за Урбан блок 15.11, општина Гевгелија и Предлог-Одлука за прекинување на постапката за донесување на УП вон населено место за индустриска зона „Билото“ КО Прдејци, како и неколку иницијативи од баратели за изработка на Урбанистички планови и утврдување на правен статус на бесправно- изградени објекти.

На дневниот ред за 16 седница се предвидени и носењето Предлог-Одлука за доделување стипендии на талентирани ученици од општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети за академската 2022/2023 година, разрешување стар и именување нов член во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и во Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија. 

Предмет на расправа ќе биде и Годишниот план за вработување за 2023 година на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а пред Советот ќе уследи и информација за состојбата со дивите депонии на подрачјето на општина Гевгелија.

Седницата ќе биде одржана во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот. За работа на 16 седница на Советот на Општина Гевгелија е предвиден следниов дневен ред

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *