ТОЧНО НАПЛАДНЕ ПРИСТИГНАА УЛТРАМАРАТОНЦИТЕ КОИ ПО 15-ТИ ПАТ ТРЧАА ЗА ТОШЕ ОД НОВА ГРАДИШКА ДО КРУШЕВО

WEB Телевизија во живо

Точно како што беше планирано, во 12 часот, во Крушево, на Гумење, пристигнаа ултрамаратонците од цела Македонија кои традиционално, по 15-ти пат, изминатите два дена го трчаа 900 километри долгиот маратон од Нова Градишка до Крушево, посветен на македонскиот музички ангел Тоше Проески.
 
Тринаесетмината ултрамаратонци, меѓу кои беа и двајцата гевгеличани, Тодор Анчев и Ангел Делиќ, трчаа низ Хрватска и низ Србија, поминаа и застанаа во центарот на Скопје, а денес стигнаа во Крушево, градот во кој започна и заврши животот на пејачот кој има само датум на раѓање, пречекани од голем број негови фанови.
 
По пристигнувањето,техничкиот организатор на овој маратон, Наум Капричевски ни изјави:
„Чувствата сеуште ни се измешани на сите кои трчавме. Тага за големата загуба и радост за тоа што успеавме, во негова чест, по 15-ти пат да го истрчаме овој ултрамаратон и се да помине во најдобар ред.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *