СТАРАТА КАФЕАНА НА „ВИНОЈУГ“ ВО БОГОРОДИЦА ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО ОПШТЕСТВЕНО КОРИСЕН ОБЈЕКТ

WEB Телевизија во живо

Во населеното место Богородица, започнаа градежните активности за реконструкција на старата кафеана „Винојуг“. 

По изборот на изведувачот и склучениот договор со градежна фирма, веќе во тек е воведувањето во градежно-занаетчиските работи за реновирање на внатрешниот простор и надворешниот дел на стариот објект, при што градоначалникот на општина Гевгелија изврши увид во истите. 

Имено, истакна дека ставањето во повторна функција, но како општествено- корисен објект, е од големо значење за богородичани бидејќи во минатото било место каде се собирале жителите од цело село. 

Реконструкцијата и реновирањето на старата кафана „Винојуг“ во населеното место Богородица чини 3.528.000 денари, средства издвоени од Буџетот на Општина Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *