СО ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈАТА, ВО ГЕВГЕЛИЈА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

WEB Телевизија во живо

По повод 11 Октомври, Денот на Народното востание, делегации од боречката организација, локалната самоуправа, пензионерите, политичките партии, невладини организации и граѓани положија цвеќе пред спомен обележјата и пред бистите на народните херои и паднатите борци.
 
Во обраќањето пред Спомен костурницата на паднатите борци, претседателот на гевгелиските борци Ристо Марковски рече дека овој ден е многу значаен во историјата на Македонија бидејќи во тие судбоносни денови Македонците застанаа на страната на антифашистичката борба и со сопствени сили се ослободија од бугарскиот фашистички окупатор .
 
Овој ден претставува продолжение на вековниот стремеж и она за кое се бореа илинденците и затоа и денес на многуте жртви им оддаваме почит за стореното дело, меѓу кои и на 74 херои од Гевгелија и гевгелиско. Со едноминутно молчење и поклон присутните оддадоа почит за заслугата на нашите предци кои го дадоа својот живот за живеење на нивните поколенија во сопствена и слободна држава.
 
Во народно ослободителната борба Гевгелија се вклучи 1943 година со формирањето на првиот партизански одред кој го носеше името на илинденецот Сава Михајлов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *