РИСТО ЧАЛКОВ ПРВ НА 10 КИЛОМЕТРИ НА ПРВАТА НОЌНА ТРКА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА „KAMENICA NIGHT RUN“

WEB Телевизија во живо

Продолжуваат успешните настапи на членовите на АК „7-ми Ноември“ на атлетските трки во нашата држава. Овој пат двочлената екипа од гевгелискиот атлетски клуб, Ристо Чалков и Мијалчо Андоновски, зеде учество на првата ноќна трка организирана во Македонска Каменица.
 
Ристо Чалков и овој пат ги покажа своите високи атлетски способности и во трката на 10,2 километри го освои првото место. Честитки заслужува и Мијалчо Андоновски, кој, по планинската трка од четири часа „Момата рок треилс“ во Прилеп, најде доволно сили да ја истрча и оваа ноќна трка од 10 километри во Македонска Каменица
 
Инаку, над 60 учесници од Македонска Каменица и од повеќе градови од државата, ја трчаа вечерва трасата на 5 и 10 километри, во рамките на првата ноќна градска трка „Kamenica Night Run“, која започна од Градскиот плоштад во 19:00 часот и се одвиваше долж градските улици во Македонска Каменица.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *