ПРИЈАВЕТЕ СЕ УШТЕ ДЕНЕС, НЕДЕЛА, ЗА „СЕДМОНОЕМВРИСКАТА ТРКА“ И ЌЕ ДОБИЕТЕ БЕСПЛАТНО ПРЕКРАСНА МАИЧКА!

WEB Телевизија во живо

Во тек е вториот рок за пријавување за учество на „Седмоноемвриската трка“ која втора година по ред Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија ќе ја организира по повод Општинскиот празник, 7 Ноември 2022 година. Оние кои ќе се пријават до денес, недела, 9-ти октомври 2022 година, добиваат убава маичка од трката од организаторот.. 
 
Како што предвидено, организаторот годинава, на 5 ноември ќе организира детска трка за деца до 13 годишна возраст, во должина од 1 километар додека наредниот ден на 6 ноември, 2022 година, ќе бидат организирани трки на 5 и 10 километри во машка и женска конкуренција.
 
Пријавувањата за учество на трките се врши електронски, на веб-страната: https://runnerspot.com/event/Gevgelija… . Котизацијата за учество на трките се движи од 800 до 1000 денари, во зависност од периодот на пријавување, со стартни пакети, во кои се вклучени потребните реквизити за трката.
 
Во моментот, како што информира организаторот пријавени се над 500 натпреварувачи, од кои триесетина тркачи пристигнуваат од соседните држави. На стартната линија ќе се најдат најдобрите македонски атлетичари,како и најдобрите гевгелиски атлетичари од АК „7-ми Ноември“.
 
Оваа година организаторот направи измена во патеката, со што е предвидено само мал дел двонасочно трчање и само со едно полукружно вртење во еден круг, со што ќе се трча низ нови улици и трката ќе биде побрза!
 
Исто така, збогатен е и проширен наградниот фонд и тоа предвидени се парични награди за најбрзите 5 на 10 километри, како и парична награда за национален рекорд.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *