ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ, ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ГЕВГЕЛИЈА – НЕГОРЦИ ОД ДЕНЕС ДО ПЕТОК СО ИЗМЕНЕТ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека од денес, 4 октомври, до петок, 7 октомври, ДТГ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица ќе изврши прекоп на улицата „7 Ноември“, на патниот правец Гевгелија-Негорци, при изведба на градежни работи за конструкција на атмосферска канализација на улица „Серменинска“.
 
Градежниот зафат опфаќа спојување со главниот колектор за атмосферска канализација согласно Проектот за изградба на атмосферска канализациона мрежа на улиците: „Никола Карев“, дел од „Серменинска“, „Димо Хаџи Димов и „7 Ноември“.
 
За таа цел, согласно календарот на активностите, во наведениот период на реализација на градежниот зафат е изработен сообраќаен проект за утврдување на временски режим на сообраќај:
 
– вторник, 04.10.2022 година, 08:00-12:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на лева лента на патен правец Гевгелија- Негорци;
 
– вторник, 04.10.2022 година, 12:00-16:00 часот, прекоп на улица „7 Ноември“ на десна лента на патен правец Гевгелија- Негорци;
 
– среда, 05.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, армирање и бетонирање на подна плоча на шахта SC2;
 
– четврток, 06.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, армирање и бетонирање на ѕидови на шахта SC2;
 
– петок, 07.10.2022 година, 08:00-16:00 часот, монтажа на лиено-железен капак тежок тип и завршни работи.
 
Општина Гевгелија апелира до учесниците во сообраќајот да го пренасочат своето движење по околните сообраќајници.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *