ПО ПОВОД ДЕТСКАТА НЕДЕЛА, „ЛИТЕРА“ СО РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а по повод одбележувањето на Детската недела, Гевгелија ќе биде домаќин на дводневен Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. 
 
Станува збор за патувачки карван на „Литера“ со работилници за деца на тема „Сликовница“, со цел квалитетните книги и илустрации да ги доближи до што повеќе деца во различни делови од земјата.
 
Во Домот на културата ќе биде поставена изложбата „Дом без граници“ која неодамна беше изложена на фествалот на сликовница „Овца во кутија“ во Пазин, Хрватска.
 
Првата работилница ќе биде одржана на 14 октомври, 2022 година, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, „Крсте Мисирков“- Гевгелија и „Ристо Шуклев“- Гевгелија, на која учениците ќе имаат можност да читаат и обработуваат сликовници за деца од домашни автори. 
 
Истиот ден, со почеток во 20:00 часот, во Домот на културата „Македонија“, ќе биде поставена Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“. На изложбата, ќе бидат прикажани илустрации за деца на авторите: Кристијан Јовановски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова.
 
На втората работилница, на 15 октомври, 2022 година, со почеток во 10:30 часот, децата ќе се запознаат со процесот на создавање сликовница, а со почеток во 12:00 часот, на вториот дел од работилницата ќе се разговара на темата: „Сликовница без граница“.
 
Целта на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, годинава, со патувачки карактер, има за цел квалитетните книги и илустрации да ги доближи до што повеќе деца во различни делови од земјата, водејќи се од призмата дека квалитетно општество се гради уште од мали нозе.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *