ПЕНДАРОВСКИ ОДЛИКУВА 13 ДЕЈЦИ ОД ОБЛАСТА НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА МУЗИКА СО МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ

WEB Телевизија во живо

„ОВИЕ МУЗИЧАРИ ПРЕКУ ПЕСНАТА ГО ГРАДЕА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, А ВО СВЕТОТ ГО ПРОСЛАВИЈА СЕДУМОСМИНСКИОТ ТАКТ НА МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА.“
 
Претседателот Стево Пендаровски, на свечена церемонија во Филхармонија, во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Македонија.
 
Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.
 
Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека одликуваните уметници ги посветија своите животи на промовирање на народното творештво како суштински елемент на македонскиот идентитет. Преку нивниот неповторлив инструментален и вокален талент, рече претседателот Пендаровски, овие врвни народни уметници ја претставија нашата изворна музика пред македонската и светската јавност на маестрален начин.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *