НАСЕЛЕНОТО МЕСТО ПРДЕЈЦИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ МОДЕРЕН МЛАДИНСКИ ДОМ

Во тек се изведбените работи за реконструкција на Младинскиот дом во населеното место Прдејци – втора фаза која предвидува завршни градежни работи и внатрешно уредување.
На површина од 580 метри квадратни во центарот на населеното место Прдејци за кратко време ќе биде готов нов модерен објект.
 
Како што објави на својот фејсбук профил градоначалникот Андон Сарамандов, после завршувањето на првата фаза за реконструкција на домот, која беше завршена со средствата обезбедени од ТАВ, минатиот месец започнаа активностите за целосно внатрешно и надворешно уредување.
 
Средствата кои Општина Гевгелија за овој проект ќе ги одвои од својот буџет изнесуваат 6.994.800 денари. Објектот ќе располага со голема сала за одржување на разни јавни, младински и културни настани, како и придружни простории.
 
Објектот е од големо значење за граѓаните на Прдејци бидејќи изградбата започнала пред повеќе од три децении, но во периодот од 30 години проектот не бил реализиран. Со пуштањето во функција на овој објект конечно ќе се обезбедат простории за одржување на младински, културни и други општествени настани во Прдејци.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *