НА ТРКАТА ВО ЛОЗОВО ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ УЧЕСТВУВАА И ПЕТМИНА ЧЛЕНОВИ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“

За прв пат во Општина Лозово по повод празникот 11-ти Октомври, Ден на народното востание на Македонскиот народ – се организираше маратон во трчање под името Маратон “11-ти Октомври” Лозово 2022.
 
На трката на 14,2 километри, учествуваа 60 натпреварувачи меѓу кои и членовите на АК „7-ми Ноември“, Валентина Узунова, Ристо Чалков, Стојан Делев,Живко Петров и Мијалчо Андоновски.
 
Ристо Чалков во машка и Валентина Узунова во женска конкуренција ги освоија 6-те места. Сите беа достојни претставници на атлетскиот клуб од Гевгелија на оваа прва трка во општина Лозово, во централниот дел на Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *